Производ
Еден систем, секој на своето место во погонот.
Од таблетот на машината до ТВ на ѕидот и извештајот на менаџерот — истите податоци, без препишување.
Секогаш вклучено
Оператор и застои
- Застојот се бележи автоматски од пулс / статус на машината, или рачно.
- Операторот избира причина од шифрарник со два допири.
- Некодиран застој не исчезнува — останува видлив додека не се кодира.
- Работи на таблет или touch панел покрај машината.
- Операторот не ја менува количината на налогот: предвремено запирање е пауза со причина, налогот го затвора планерот.



Пробај како оператор
Кодирајте застој со два допири — на вашиот телефон.
Скенирајте го кодот: телефонот го отвора екранот на операторот. Машината стои, вие ја избирате причината.
Отвори го демотоили отвори го тука →Модул
Andon
- Повик до техничари за одржување и автоматика, магацин, квалитет или раководител на смена.
- Ескалација по нивоа: ако повикот не е прифатен, оди на следното ниво по минути по ниво. Можете да го доделите или да го прифатите.
- Push известување на лични Android телефони; на телефонот само аларми и основното.
- Andon ТВ — преглед на отворени повици.


Пробајте: повикајте техничар и не прифаќајте.
CNC-03Оператор · Смена 1
Што ви треба?
Демо: 1 секунда = 1 минута. Минутите по ниво се стандардни и се менуваат по фабрика.
Отворен 0:00
- 1Техничар10 минчека
- 2Раководител одржување15 минчека
- 3Раководител производство30 минчека
- 4Директорне ескалира понатамучека
Изберете причина и повикајте. Ако никој не прифати, повикот оди едно ниво погоре.
Модул
MachineTakt Board
- Табла за ТВ во погонот со SQDCP — безбедност, квалитет, испорака, трошок, луѓе.
- Не бара најава — се прикажува на ѕидот.
- Преглед на машини на ТВ.


Модул
Планирање и налози
- Налози по фази: Планиран → Распределен → Активен → Прекинат → Завршен.
- Автоматска распределба на налози по машини; распоред на табла.
- Вишок од налог оди на залиха.


Модул
ERP врска
- Влечење налози од ERP (Pantheon или домашен) и враќање пријави.
- Врска преку SQL Server, REST или папка.
- Одлуките и редицата на пријави се видливи — ништо не се губи при прекин на врската.

Модул
Одржување и резервни делови
- Превентивно одржување по распоред, работни налози.
- Историја на машина, MTBF и MTTR.
- Каталог на делови, залиха, автоматско издавање при затворање на налог или andon.
- Планираното одржување е надвор од OEE; пречекорувањето се брои како загуба на достапност.

Секогаш вклучено
KPI и извештаи
- OEE = достапност × брзина × квалитет, по машина, линија и смена.
- Pareto на загуби по причина — каде точно се губи времето.
- Извештаи за смена, ден и период.




Секогаш вклучено
Администрација
- Улоги и права; пристапот е отворен стандардно, ограничувања се вклучуваат по потреба.
- Машините, поврзувањето и праговите ги менува само добавувачот.
Да го видите на вашите машини?
Закажете демо или посета во вашата фабрика.