MTBF — просечно време помеѓу дефекти

Просечно време на работа помеѓу два дефекти. Поголемо = посигурна машина.

MTBF (Mean Time Between Failures) е просечното време на работа помеѓу два дефекти на машината. Одговара на прашањето: „Колку често се расипува?“. Колку е поголемо, толку е посигурна машината.

Формула

MTBF = време на работа ÷ број на дефекти

Се брои само времето кога машината навистина работела — не викенди, не планирани застои. И се бројат само дефекти (машината не може да работи без поправка), не менување алат или чекање материјал.

Пример

Струг CNC-02 во септември работел 320 часа. Во тој период имал 8 дефекти: 3 пати хидраулика, 3 пати електрика / сензор, 2 пати скршен алат.

MTBF = 320 ÷ 8 = 40 часа. Со две смени по 8 часа, тоа е дефект на секои два и пол дена.

Ако во октомври, по замена на хидрауличните црева, има 4 дефекти на 330 часа — MTBF = 82,5 часа. Посигурноста е двојно подобра, и тоа е бројка што може да се покаже на управата.

Како се користи

  • Споредба на машини. Иста машина во две хали со многу различен MTBF — нешто се прави различно (подмачкување, оператор, материјал).
  • Превентивно одржување. Ако хидрауликата паѓа на околу 120 часа, проверката треба да е пред тоа — на 100.
  • Одлука за замена. MTBF што паѓа месец по месец е сигнал дека машината старее побрзо отколку што се поправа.
  • Заедно со MTTR. MTBF кажува колку често, MTTR колку долго. Машина со голем MTBF и огромен MTTR може да е поголем проблем од машина што паѓа често, но се поправа за 5 минути.

Чести грешки

  • Се брои календарско време наместо време на работа — машина што стоела без налог изгледа „посигурна“.
  • Се мешаат дефекти и други застои — менувањето алат не е дефект.
  • Премалку податоци — два дефекти не се тренд. MTBF има смисла по неколку месеци историја.

Во MachineTakt

Секој застој кодиран како „Дефект на машина“ влегува во историјата на машината, заедно со вистинската причина што ја пишува техничарот и потрошените делови. MTBF и MTTR се пресметуваат автоматски по машина и период во модулот Одржување.

Како изгледа ова во вашиот погон?

Покажуваме на вашите машини — демо или посета во фабриката.